Мајкрософт продолжува да се потпира на агресивна стратегија за промовирање на Виндоус 10 помеѓу корисниците. Компанијата потврди дека платформата веќе се користи од над 700 милиони компјутери. Тоа е следниот чекор во постигнувањето на амбициозната цел за над една милијарда луѓе, кои работат со Виндоус 10 низ целиот свет. Во ноември 2017 година, бројот на луѓе кои работеле со Виндоус 10 беше околу 600 милиони, а беа потребни 11 месеци за да достигне бројка од 700 милиони корисници. Првичната цел на Mајкрософт беше да надмине една милијарда во првите три години од премиерата на платформата. Стратегијата на компанијата да стимулира повеќе луѓе да користат Виндоус 10 е поврзана и со прекинот на поддршката за Виндоус 7, која во моментов е најпопуларната верзија на оперативниот систем. Microsoft ќе престане со софтверски ажурирања за Виндоус 7 во 2020 година. Тие мерки треба дополнително да ја зголемат популарноста на Виндоус 10 и постепено да го претворат во единствениот оперативен систем поддржан од Mајкрософт.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/09/2018 20:24