Фернандо Алонсо е категоричен дека пред него нема можност да се врати назад во Формула 1. - Заврши моето време во Формула 1. Сакам да бидам најдобар пилот во светот. Во Формула 1 добив повеќе, отколку што можев да замислам. Го победив Шумахер. Сега добивам предлози кои се многу интересни. Формула 1 сега е мало место за мене, изјави Алонсо на прес-конференцијата во Сочи. Наскоро Алонсо се очекува да ја објави својата програма за 2019 година. - Животот брзо се менува. Никогаш не знаеш што ќе се случи, додаде двократниот шампион на Ф1.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/09/2018 21:04