Проф. д-р Драги Михајловски, преведувач и писател, Ристо Лазаров, писател и новинар, Петре Арсовски, актер и проф. д-р Александар Ставридис, хирург - уролог се добитници на државната награда „11 Октомври“ за 2018 година.
Михајловски, Лазаров и Арсовски наградата ја добиваат за животно дело во областа на културата и уметноста, а Ставридис за животно дело во областа на здравството.
Одлуката ја донесе Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ на својата последна седница.
Државната награда „11 Октомври“ се доделува како највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.
Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 октомври во Собранието на Република Македонија.