Шефот на Хас, Гинтер Штајнер во пресрет на денешната тренинг сесија во Русија, соопшти дека пилотите Кевин Магнусен и Роман Грожан остануваат и следната сезона.

- Имаме потреба од сигурни, искусни пилоти да го развиеме болидот и тимот. Оваа сезона имаме драстичен напредок во споредба со минатата година. Одлуката да ги задржиме Грожан и Магнусен беше лесна, изјави Штајнер.

Магнусен со 49 бодови е на деветта позиција во Генералниот поредок, додека Роман Грожан во моментов го зазема 14. место со 27 бода.

Следната сезона за Грожан ќе биде четврта во тимот на Хас, а за Магнусен трета.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2018 11:53