Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ нема да учествува на Мастерсот во Пекинг, објави „Спорт клуб“.

Третиот играч на АТП ранг листата одлучи да го прескокне натпреварот во кинескиот главен град кој започнува в понеделникот, а на теренот да се врати на Мастерсот во Шангај.

Ѓоковиќ е апсолутен рекордер по бројот на титули освоени во Пекинг – вкупно шест.

На Мастерсот во кинеската престолнина, поради повреда на коленото нема да игра ниту водечкиот Рафаел Надал. Ѓоковиќ кој заостанува 2.315 поени зад Шпанецот, имаше шанса со победа во Пекинг и успех во Шангај, да се врати на првата позиција.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2018 14:30