Повеќе од две третини анкетирани во Косово се против идејата за размена на територија, се вели во резултати од анкета во врска со процесот на дијалог меѓу Приштина и Белград, спроведена од Демократскиот институт на Косово.

Врз основа на анкетата, 77,6 отсто испитаници се противат на идејата за размена на територии меѓу Србија и Косово. На прашање што ќе преземат граѓаните ако претставници на Белград и Приштина се договорат за размена на териутории по етничка основа, 51,5 отсто анкетирани тврдат дека ќе протестираат против таков договор.

Седумдесет и еден отсто се незадоволни од пристапот на претседателот Хашим Тачи во дијалогот со Белград, а 20 отсто се задоволни.

Од анкетираните, 66,5 отсто се незадоволни од улогата на опозицијата во процесот на бриселскиот дијалог.

На прашање која опција би прифатиле, промена на граници или Заедница на општини со српско мнозинство со извршни овластувања, 82,9 испитаници се изјасниле дека не би прифатиле ниту една опција.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2018 15:31