Американската Комисија за хартии од вредност (СЕЦ) соопшти дека отпочнала истрага против автомобилската компанија „Тесла“ и нејзиниот директор Илон Маск поради измама.

Истрагата е заснована на неговата Твитер порака во која најави дека ќе понуди акции на „Тесла“ по цена од 420 долари. Пораката на Маск предизвика драматични подеми и падови на вредноста на акциите на „Тесла“, поради што СЕЦ отпочна истрага.

Дополнителен елемент во истрагата е најавената вредност на акциите.

- Сметаме дека Маск дошол до сумата 420 долари за акција така што додал 20 проценти од очекуваната вредност на акциите на „Тесла“, а потоа ја заокружил бројката на 420 долари, поради значењето што оваа бројка го има меѓу корисниците на марихуана, како и поради тоа што мислел дека неговата девојка тоа ќе го сфати како добра шега, обвини Стивен Пејкин, висок службеник на СЕЦ.

Бројката 420 се смета за меѓународен симбол на марихуаната, а денот на марихуаната е 20 април.

Маск е во врска со канадската пејачка Клер Бучер попозната како Грајмс, која неодамна, за време на интервју, запали џоинт со марихуана.

Соопштението дека „Тесла“ е под истрага на СЕЦ предизвика пад на вредноста на акциите на компанијата која, и без тоа, имаше сериозни проблеми да ги реализира порачките за нови автомобили.

Компанијата соопшти дека има целосна доверба во Маск



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2018 16:47