Во новиот филм на Квентин Тарантино, „Си беше еднаш во Холивуд“, Брус Дерн ќе го замени Берт Рејнолдс, кој почина на 6 септември.

Дерн, кој глумеше и во претходниот филм на ексцентричниот Тарантино, „Омразените осуммина“, им се приклучи на Бред Пит, Леонардо ди Каприо, Ал Пачино, Курт Расел, Дакота Фенинг, Марго Роби и други познати ѕвезди на Холивуд.

Филмот веќе се снима, а премиерата е закажана за 26 јули 2019.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2018 16:57