Македонскиот кларинетист Ристо Ѓоревски со предавање, рецитал и мастерклас се претстави на осмото издание на Интернационалниот фестивал за кларинети Клариманиа 2018 што се одржа во Вроцлав, Полска. Ова е прво учество на македонски уметник на овој меѓународен фестивал на кој што гостуваат реномирани кларинетисти - професори и изведувачи од најразлични држави во светот. Оваа година Ристо Ѓоревски се претстави со тематска програма од Балканот каде меѓу другото изведе и дела од македонските автори Томислав Зографски, Благој Цанев и Дамир Имери. Следното претставувавње на македонската култура и уметност, Ѓоревски ќе го има во Македонскиот културен центар во Њујорк, САД како Дуо кларинети Ѓоревски-Бакревски, за потоа да се претстави и со целовечерен рецитал во Скопје во рамките на фестивалот Златна лира. Ристо Ѓоревски е член на оркестарот на Македонската опера и балет, но е доста активен и како солист и како камерен музичар во државата и во странство.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2018 17:36