Во текот на денешниот ден на повеќе корисници и во Македонија при логирањето на фејсбук им беше побарано да се логираат со своето корисничко име иако не се одјавиле од апликацијата. Ова се должи на хакерскиот напад кој бил направен врз најпопуларната друштвена мрежа.
,,Фејсбук “ објави дека речиси 50 милиони негови корисници биле изложени на ,,безбедносен напад”.
Компанијата објасни дека хакерите успеале да ги извлечат податоците преку опцијата позната како ,,Погледни” , за да добијат контрола врз профилот на корисниците. Упадот бил откриен во вторникот , соопштуваат денеска од компанијата и велат дека ја известиле полицијата.
Корисниците кои биле нападнати денеска добиле понуда од Фејсбук за повторно вклучување.
Шефот за безбедност во ,,Фејсбук” Геј Розен , потврди дека денеска проблемот е решен.