Овен Вилсон, кој на крајот од годината ќе наполни 50 години, со нетрпение го очекува своето трето дете. Досега актерот има две деца (момчиња на 4 и 7 години) од две различни жени, и третото дете не прави исклучок. Во почетокот на летото, се појавија гласини дека актерот по трет пат ќе стане татко. Еден месец подоцна се дозна дека се работи за 34-годишната Варени Вонгсвирајтс (Varunie Vongsvirates). Пред 4 години ѕвездата од „Marley & Me“ беше забележан во друштво на Варени и деновиве стан јасно дека двајцата го очекуваат своето прво дете. Овен Вилсон дури си направил тест за татковство ова лето, кој потврдил дека токму тој е таткото на детето. Во неодамна спроведено интервју со црнокоста убавица, таа принза дека двајцата се пар 5 години, но Овен преферирал да го чува приватниот живот во тајност. Ако ова е вистина, тогаш се поставува прашањето зошто актерот направил тест за татковство?! Во својот профил во Instagram, Варени сподели слика од ултразвук на своето бебе и објави дека чека девојче по име Лајла. Судејќи според последните нејзини публикации во социјалната мрежа, Варени е многу активна и ја одржува формата со јога, иако веќе е во 8-ми месец од бременоста. Неодамна Варени закачи слика од примиерата на филмот „Father figures“ во кој учествува идниот татко и во еден од коментарите под сликата беше прашана од фан дали Овен е таткото на нејзиното дете, на кого таа одговори со едно кратко „да“.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/09/2018 12:34