Рускиот пилот Даниел Квјат ќе се врати во Торо Росо во сезоната 2019 година на Формула 1, соопштија од тимот. - Торо Росо отсекогаш ме терал да се чувствувам како дома и сигурен сум дека така ќе биде и следната сезона. Ќе дадам се од себе за да го исполнам она што тимот го очекува од мене и не можам да дочекам сè да почне одново, рече Квјат. Русинот го менува Пјер Гасли, кој заминува за Ред Бул, а неговиот партнер се уште не е познат. Брендан Хартли засега го држи другото место, но неговата позиција е загрозена. Дваесет и четири-годишниот Квјат се натпреваруваше за Торо Росо во 2014 година, пред да биде регрутиран од Ред Бул, а потоа се врати назад, откако беше ослободен во средината на 2016 година. Ова ќе биде трет пат да вози за Торо Росо и четврти во семејството на Ред Бул.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/09/2018 14:46