Бунтовничката група Фајлак ал Шам, почна да се повлекува од демилитаризираната зона во североисточна Сирија. Тоа го соопшти Рами Абдулрахман шеф на Сирискиот центар за човекови права.
Според него, таа група е првата што одговорила позитивно на барањето да се напушти демилитаризираната зона. Тие ги повлекуваат своите борбени единици и тешкото оружје.
Таа зона е формирана по договор меѓу Анкара и Москва за да се избегне навлегувањето во неа на сириската владина армија поддржана од руски сили.