Пратеникот од Српска листа, Игор Симиќ изјави денеска дека барикадите се повлечени од општината Зубин Поток, по апелот на српскиот претседател, но според него се уште се чувствуваат тензии.

– Тоа што се случи на нашата испружена рака за мир, беа долги цевки на луѓе со фантомки што предизвика нервоза кај граѓаните во општина Зубин Поток, изјави тој за РТС.

Симиќ истакна дека е побарана реакција од Белград и заштита на граѓаните и имотот.

– Се плашам дека по вчерашниот настан таквите ситуации може да бидат искра за многу полоши состојби отколку вчера и многу полоша реакција на граѓани кои сакаат да заштитат својата слобода и мир изградени во овие 19 години на север во Косово, нагласи Симиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/09/2018 10:17