Валтери Ботас го пушти Луис Хамилтон пред себе и така му подари уште една победа на Британецот во неговата битка за светската титула во Фолмула 1. Тој триумфираше во Русија, но благодарение на тимските наредби, што сигурно ќе донесе критики кон тимот. Финецот доби наредба од боксот да ја отстапи својата позиција во средината на трката откако Британецот не успеа да се одалечи од Себастијан Фетел. Тој го направи тоа и така Хамилтон ја забележа 8-та победа сезонава и 70-та во кариерата. Британецот има 306 поени или вкупно 50 повеќе Фетел, кој остана трет во денешната трка и има 256. Со второто место Ботас излезе трети во генералниот пласман со 189 поени, додека Кими Раиконен е чатврти со 186 поени.