Министерот за одбрана, Александар Вулин, денеска наведува дека претседателот Александар Вучиќ, со кој се состанал утринава, наредил да се зачува постигнатото ниво на борбена готовност и дека ќе се издаде посебна наредба за неговата евентуална промена.
„Рано утрото началникот на Генералштабот на Армијата на Србија, генерал-потполковник Милан Мојсиловиќ и јас имавме средба со претседателот на Републиката и врховен командант на Армијата на Србија, Александар Вучиќ, при што рефериравме за степенот на постигнатата борбена готовоност и исполнување на наредбите што ни ги даде", наведува Вулин во соопштение.
Тој додава дека Вучиќ изразил задоволство од „енергијата, напорот, вештината и брзина на сите припадници на армијата на Србија“, но тој исто така изразил длабока загриженост за се што се случува во Косово.