Екипата на Металург го забележа и третиот пораз во ракометната Лига на шампиони, откако во салата „Јане Сандански“ беше поразен со 24:29 (12:13) од Татран Прешов.
Ракометарите на Данило Брестовац повторно немаа сили за цел натпревар, откако до 40-тата минута од второто полувреме имаа само гол негатива (19:20). Тогаш следеше серија од 5:0 за Словаците, поддржана од гостинскиот голман, а по неа Металург не можеше да се врати во игра.
Јагањац со пет гола беше најефикасен за тимот од Автокоманда, додека Томовски на голот се истакна со девет одбрани.
Следниот натпревар во ЛШ за „металурзите“ е следниот викенд, кога му гостуваат на Силкеборг.