Репрезентацијата на САД трет пат по ред го освоија шампионскиот трофеј на женското Светско кошаркарско првенство. Тие синоќа во финалето на Мундијалот што се играше во Шпанија ја совладаа селекцијата на Австралија со 73:56.

Американките по првото полувреме имаа предност од осум поени, а победникот беше решен веќе по третата четвртина кога САД отидоа на плус 23 (61:38).

За американскиот национален тим ова беше вкупно 10. титула од Мундијалите.

Бронзениот медал на планетарниот собир го освои репрезентацијата на Шпанија по победата над Белгија со 67:60.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2018 10:59