Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска пристигна во Русија, каде утре ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, соопшти српската Амбасада во Москва.
- Претседателот Вучиќ веќе е во Москва и во вторник ќе се сретне со шефот на руската држава. За денеска Вучиќ има приватна програма, соопшти Амбасадата.
Претходно, српскиот претседател информира дека со Путин планира да разговара за ситуацијата во Косово и да побара поддршка од него.