Турските безбедносни сили приведоа денеска над 200 нелегални мигранти во различни делови на земјата.

Тие задржаа над 60 мигранти од Сирија во округот Адана. Мигрантите, меѓу кои има жени и деца, се откриени во еден магацин. Безбедносните сили дејствувале по претходно добиена дојава.

Во меѓувреме, полицијата во округот Ван денеска задржа 140 мигранти. Мигрантите, од кои 90 Авганистанци и 50 Пакистанци, се криеле во градот Ипек јолу.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2018 13:58