Министерот за правда на Косово Абељард Тахири денеска понуди оставка на функцијата поради незадоволство од случувањата во правниот сектор, вклучително и мешањето на политиката, објавија косовските медиуми.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Тахири смета дека лошата состојба во овој сектор ќе резултира со одлука на Европската унија да не дозволи визна либерализација за Косово.

Извори на порталот „Газета Експрес“ тврдат дека Тахири оставката им ја доставил на косовскиот премиер Рамуш Харадинај и на претседателот на неговата партија, Демократската партија на Косово (ПДК), Кадри Весели.

Се очекува наскоро Тахири лично да ја објави информацијата и да ги соопшти причините за повлекувањето од функцијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2018 14:53