Околу 191 илјада лица во Индонезија имаат потреба од итна хуманитарна помош, соопшти денеска Службата на ОН за координирање на хуманитарните дејности по земјотресите и цунами брановите, кои го уништија источниот дел на островот Сулавеси.

Помош им е потребна на околу 46.000 деца и 14.000 повозрасни луѓе, најранливиот дел од населението кој живее далеку од градските средини и каде властите преземаат најмногу напори, се наведува во извештајот на ОН за ситуацијата по природната катастрофа.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2018 15:57