Унгарскиот ракометен клуб Веспрем го отпушти тренерот Љубомир Врањеш.

Клубот ја прекина соработката со шведскиот стручњак, откако унгaрскиот тим беше совладан во саботата од македонскиот првак Вардар во натпревар од Лигата на шампионите.

Сезонава Веспрем има два порази по првите три одиграни кола во ЛШ, од Барселона и од Вардар, а Врањеш не ги оправда очекувањата на раководството и навивачите на унгaрскиот клуб.

Освен Врањеш, од Веспрем си заминува и неговиот досегашен помошник Бјорн Сатерстром.

За унгарскиот клуб настапуваат македонскиот репрезентативец Дејан Манасков и поранешниот голман на Вардар Арпад Штербик.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2018 18:19