Глумецот Мет Дејмон сними скеч пародија на сослушувањето на судијата Брет Кавано, кој минатата седмица во Сенатот говореше по повод обвинувањата на д-р Кристин Блејзи Форд за сексуален напад што се случил пред три и пол децении.

Кавано повеќе пати се расплака при сведочењето, а имаше и периоди кога остро одговараше на прашањата на сенаторите кои ја поттикнаа истрагата против него, што Дејмон го изкарикира. Скечот беше емитуван на првата епизода од новата сезона на хумористичниот политички серијал Живо во сабота вечер.

- Дозволете ми да го кажам следното... Ќе почнам во 11 и ќе завршам брзо, до 15 ч. Прво, не го покажав говоров никому... Ова е мој говор. Има многу вакви, но овој е мој. Го напишав синоќа додека врескав во празна ќесичка од чипс, го почнува Дејмон својот говор во улога на контроверзниот судија.

Потоа ситуацијата станува уште подраматична, при што тој истакнува: - Нема да ме турнете наземи, вие кучкини синови, не знам што значи зборот „застани“.

Прашан од испитувачката пак, дали некогаш бил пијан, тој возвраќа: - Мислите - дали сум фраер!? Да.

- Ако пак, мислите дека сега сум бесен, чекајте да ме видите кога ќе стигнам до Врховниот суд... Тогаш сите ќе платите, вели Дејмон при крајот на скечот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2018 18:55