Со концерт на Македонската филхармонија и во присуство на гости уметници од повеќе европски држави, вечер во Битола ќе почне 27. издание на интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест Битола 2018“.

Според фестивалската програма, во концертните сали на битолскиот Музеј ќе настапат Мариан Собула, пијанист од Полска, заеднички концерт ќе одржат и Змграфал Жураковски и Ана Мерник, исто така од Полска, а Ева Леон, виолинистка од САД, ќе настапи во придружба на Ана Ферер, пијанистка од Шпанија. Ќе настапи и лауреатот од 8-от „Интерфест Битола“ пијано натпревар, Иван Трајковски.

Во рамки на десетте фестивалски денови, освен концерти со уметници од Италија, Романија, Австрија, Германија и Русија, ќе биде отворена и изложба на графики од италијанскиот графичар Паоло Чампини. Во чест на гостите од странство, Битолскиот театар ќе ја изведе театарска претстава „Сон на летната ноќ“ од Шекспир, а во режијана Џон Блондел.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2018 10:22