Програмскиот совет на ХРТ на итна седница со мнозинство гласови прифати заклучок како „директно обраќање до јавноста, но и до Саборот за загрижувачката состојба со прорамите на ХРТ, непочитување на новинарските стандарди, етички норми и медиумски слободи во таа куќа“.
Седницата била итна поради сериозните забелешки од Хрватското новинарско здружение (ХНЗ) во кои државната радио телевизија е прозвана поради маргинализација и ограничување на новинарите по процесите за одлучување и уредување на програмата, но и за цензура.
Програмскиот совет не ги повикал на седницата претставниците на ХНЗ со што итната седница ја загубила првобитната смисла пишува во заклучокот.
За него гласале шест членови додека двајца биле против.
Во заклучокот е наведено и дека советот на ХРТ подолго време со предлози сугестии и заклучоци на свои членови предупредува на голем број кршење на програмските начела и обврски од Законот, договорот со Владата и етичките норми.
„Бидејќи ХРТ тоа систематски го игнорира а пораките и заклучоците од овој совет не стигнуваат до јавноста, овој заклучок е директно обраќање до јавноста, но и до Саборот за загрижувачката состојба на програмите на ХРТ, непочитување на новинарски стандарди, етички норми и медиумски слободи во таа куќа, се нагласува во заклучокот.