Косовската полиција соопшти денеска дека запленила 459 сомнителни банкноти од по 500 евра, во вкупна вредност од 229 илјади евра, јави дописникот на МИА од Приштина.

Првично, според соопштението, полицијата синоќа околу 23:15 часот запрела еден автомобил во населбата „Дарданија“ во Призрен. Кај еден од тројцата патници во автомобилот е пронајдена помала количина марихуана.

Уследил детален претрес кој резултирал со наоѓање на сомнителна банкнота од 500 евра кај вториот осомничен. За случајот е известен надлежен обвинител и е побарана судска дозвола за претрес во куќа за која имало сомнежи дека има фалсификувани пари.

По добивањето на овластувањето, извршен е претрес на куќа во Призрен, во која се пронајдени и запленети како материјален доказ 458 банкноти од по 500 евра, односно вкупно 229.000 евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2018 12:02