Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и српскиот вицепремиер за трговија Расим Љаиќ денеска од Белград на Самитот 100 испратија порака дека треба настрана да се остават историјата и национализамот и да се поврземе економски меѓусебно, а потоа и глобално.

На панелот, што се одржа во рамки на Самитот 100, двајцата вицепремиери говореа за историјата, национализмот и прагматизмот во економијата.

- Сите ние во регионот премногу сакаме поединечно да се врземе за Брисел, но многу поумно ќе ни е доколку почнеме да се врзуваме меѓусебно и така поврзани полесно да се врзаме за Брисел, со што на Брисел ќе му правиме помалку проблеми. Историјата покажа дека ова е можно, рече вицепремиерот Анѓушев.

Во тој контекст говореше и Расим Љаиќ, кој истакна дека од политички причини не можеме оптимистички да гледаме на она што следи, ако не направиме промена на парадигмата.

- Ние мора да се определиме дали сме за национализам или за прагматизам. Србија во 90-тите години одбра национализам и видовме каде тоа заврши, рече Љаиќ и додаде дека на политичко ниво едни со други повеќе се доживуваме како конкуренти, отколку како партнери.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2018 17:51