Шефот на информативното биро на Европскиот парламент во Атина Леонидас Андонакопулос и двајца негови соработници се суспендирани од работа затоа што Европската служба за борба против измами (ОЛАФ) против нив води истрага за финансиски малверзации.

Ова го јави весникот „Катимерини“ кој цитира и изјава на заменичката на потпаролот на Европарламентот Маржори Ван ден Брук според која постојат сериозни сомнежи за сомнителни финансиски трансакции од страна на засегнатите лица.

Андонакопулос за истрагата рекол дека е „проверка од админстративен карактер за наводни пропусти“ и изјави дека сите финансиски операции на неговата канцеларија ги потпишува Брисел, затоа што Атина нема право да потпишува ништо.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/10/2018 12:03