Капитенот на Манчестер Јунајтед, Антонио Валенсија стави „лајк“ на пост за барање оставка на тренерот Жозе Мурињо и потоа се извини.
На Валенсија му се допаднала фотографијата поврзана со постот на Инстаграм поставен од страна на група навивачи каде се бара оставка на тренерот на тимот Жозе Мурињо.
- Се извинувам. Ставив лајк без да ја прочитам содржината. Тоа е несреќна моја реакција. Тоа не е мојот став за тренерот Мурињо, изјави Валенсија.
Манчестер Јунајтед се наоѓа во серија од четири натпревари без победа.
- Време е Мурињо да замине, стои во постот на Инстарграм.
Еквадорецот Валенсија (33) на „Олд Трафорд“ е од 2009 година. Досега одиграл 335 натпревари во кои постигна 25 гола и оствари 62 асистенции.