Турција ќе продолжи да го поддржува просперитетот и безбедноста на пријателска Македонија и нејзиното членство во ЕУ и НАТО, соопшти денеска турското Министерство за надворшени работи.

- Турција ја признава Република Македонија под уставното име уште од нејзиното осамостојување. Како и досега ќе продолжиме да ја поддржуваме пријателска Македонија, нејзиниот просперитет и безбедност, како и нејзиното зачленување во ЕУ и НАТО, се наведува во реакцијата на официјална Анкара по неделниот референдум во Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/10/2018 13:26