Спортскиот директор на Формула 1, Рос Браун верува дека се уште е премногу рано Мик Шумахер да се проба во најсилна серија во светот. Син на седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер вози во Формула 3, каде што е лидер на сезоната.

- Напредокот на Мик е охрабрувачки. Неговото дело предизвикува многу сеќавања во мене, но треба да се оди постепено за подготвено да се влезе во Формула 1. Ако сега го пуштиме во елитата - може да изгори. Мик е многу зрел млад човек, тој разбира дека се уште треба да расте. Формула 2 ќе биде логичен следен чекор за него, вели Браун.

Мик Шумахер (19) години бележи одлични резултати во трките од Формула 3 и пројави амбиции да вози во најсилната класа – елитната Формула 1.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/10/2018 14:30