Фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо е официјално обвинет дека во 2009 година во Лас Вегас ја силувал тогаш 25-годишната Катрин Мајорга.

Таа тврди дека молчела девет години, оти наводно се договориле да не говори за тоа во јавност, за што Роналдо и платил 375.000 долари.

Полицијата повторно го отвори случајот, бидејќи во Невада, случаите на силување не застаруваат.

Кетрин Мајорга тврди дека Португалецот ја нападнал во хотелска соба во САД. Овие наводи прв ги објави германскиот магазин „Шпигел“, но претставници на Роналдо веднаш ги отфрлија како неточни и најавија дека ќе го тужат весникот.

Британски „Сан“ дојде до видео на кое Роналдо во ноќен клуб во Лас Вегас игра со девојката за која весникот тврди дека е Мајорга, флертуваат и се прегрнуваат.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/10/2018 14:38