Македонската репрезентација за фудбалери до 19 години ќе гостува во Полска и Англија каде ќе одигра два пријателски натпревари против соодветните селекции.

Првиот натпревар ќе се игра на 11 октомври во близина на Варшава против Полска, а на 16 октомври во Бирминген македонските фудбалери ќе се соочат со Англија.

- Како предводник на оваа репрезентација за мене ова е втора можност на натпревар да се уверам во квалитетите на селекцијата и индивидуалните можности на фудбалерите. За двата меча против Полска и Англија повикавме неколку нови фудбалери (Хајдари, Перчевски, Страторски, Јакимовски) во однос на претходниот собир и се надевам дека сите ќе ја оправдаат довербата на овие силни тест натпревари и ќе се борат за место во тимот на квалификациските натпревари. Во екипата се и Фазлагиќ и Чурлинов, првпат со мене како селектор, но тие се многу важна алка и исклучително потребни за секој меч. Квалификациите започнуваат на 14 ноември во Чешка и за нас е битно да имаме силни контролни дуели како двата што следуваат, изјави селектор Горан Станковски.

Тој за двата контролни натпревари ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Бојан ТИМЕВСКИ (Саса Каменица), Стефан ЈАКИМОВСКИ (Њу Старс); Одбрана: Зоран ИВАНОВСКИ (Академија Пандев), Адријан ХАЈДАРИ (Рапид Виена, Австрија), Филип АНТОВСКИ (Вардар), Џејми ПЕРЧЕВСКИ (Фортуна Дизелдорф, Геманија), Стефан СИМОНОВСКИ (Генц Калемлер), Стефан НАУМЧЕСКИ (Вардар), Ангел СТРАТОРСКИ (Горица, Словенија); Среден ред: Анес ОСМАНОВСКИ (Унтерахинг, Германија), Томче ГРОЗДАНОВСКИ (Тренчин, Словачка), Али АДЕМ (Вардар), Енис ФАЗЛАГИЌ (Жилина, Словачка), Алекс ТАЛЕСКИ (Вардар); Напад: Јакуп Бериша (Вардар), Марио НАУМОСКИ (Победа), Енсар ЉУМА (Шкендија), Марко Ѓоргиевски (Борец), Бојан Колевски (Борец), Дарко Чурлинов (Келн, Германија).



Автор: Администратор
Објавено на: 03/10/2018 18:32