Поп пејачката Мадона соопшти дека новиот албум ќе биде објавен во 2019 година, иако неговото излегување беше најавено за крајот на оваа година.

Ова ќе биде 14 по ред студиски албум во нејзината кариера, а е прв по четири години пауза.

Мадона неодамна во интервју за „Вог“ изјави дека современата музика „звучи исто“ и дека нејзиниот албум ќе се обиде да ја разбие едноличноста.

Воедно поп иконата истакна дека музиката станала премногу формална.

Таа неодамна се пресели во Лисабон каде нејиниот син планира да гради кариера на професионален фудбалер.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/10/2018 19:18