Кошаркарскиот клуб Гостивар со спортски коктел на кој присутвуваа спонзорите и помагателите на клубот, им се заблагодари за поддршката во изминатата натпреварувачка сезона и најави добри игри за претстојната.
Управата на клубот во пригодна атмосфера ги пречека досегашните соработници и помагатели и упати апел до сите заинтересирани бизнисмени и компании да ги искористат поволностите од мерките кои владата ги предвидува за спонзорирање на спортски клубови и спортисти.
Амбциите на клубот ги претстави тренерот Марјан Србиновски кој истакна дека верува во подобри спортски резултати.
- Ако се земат во предвид околностите и можностите имаме осонова да најавиме добра игра и резултати. Ќе се обидеме да се искачиме едно скалило погоре и да додјеме до плеј-офот. Поддршката на навивачите и помагачите на спортот и оваа година ќе ни биде неопходна, а ние на теренот ќе возвратиме со добри игри, рече Србиновски.
Гостиварската „приказна“ како успешна ја оцени извршниот директор на клубот Александар Трпевски кој на претставнициите на бизнис-секторот им препорача да инвестираат во спортот, но и, како што рече, да се преиспитаат како нивните пари се трошат и каде ги вложуваат.
- Новиот закон и погодностите кои се однесуваат на данокот на добивка се многу поволни, бидејќи 40% од данокот на добивка можат да го уплатат под определни услови во спортски клуб и истиот да е засметан како да е уплатен во државниот буџет. КК Гостивар тоа го користи и на тоа се должат овие резултати, рече Трпевски.
Управата на клубот презентираше и податоци со кои се пофали дека натпреварите на домашен терен во просек ги следеле по 1.600 гледачи.
На поддржувачите и спонзорите на клубот им беа доделени благодарници (над педесет).
Зборови на поддршка искажа и директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски кој уште еднаш потенцира дека од 1 јануари ќе може да се користат ваучери кои Агенцијата ќе ги подели на клубовите во зависност од оставрените резултати. Од вакавата мерка, се очекува во спортот во Македонија да влезат уште шест милиони евра.