Турскиот Парламент денеска изгласа продолжување на мандатот за уште една година на турската армија за трансгранични операции во Ирак и во Сирија.

Мандатот на турската армија за спроведување на воени операции во Сирија и во Ирак истекува на 30 октомври.

Во образложението за продолжувањето на мандатот за трансграничните операции се наведува дека присуството на Курдска работничка партија (ПКК) и на Исламска држава во Ирак претставува директна закана за регионалниот мир, стабилност и безбедност.

Како закана во Сирија се посочуваат групите поврзани со ПКК, Партија на демократската унија и Сили за заштита на народот, како и на ИД.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/10/2018 20:47