МЗТ Скопје оствари убедлива победа против Борац Чачак од 82:57 во натпреварот од второто коло од АБА 2 лигата.

Македонскиот тим ја оправда фаворитската улога и доминираше на теренот во текот на целиот натпревар.

Кошаркарите на МЗТ на паузата заминаа со високи 14 поени предност (40:26), а Борац до крајот на натпреварот се обидуваше да ја намали предноста.

МЗТ не дозвоили изненадување и стигна до втората победа сезонава во регионалното натпреварување. Во претходното коло тимот од Аеродром го совлада Хелиос.

Лестер Медфорд со 18 поени беше најефикасен во редовите на МЗТ.

Во третото коло македонскиот тим ќе гостува кај Приморска.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2018 10:14