Српскиoт претседател Александар Вучиќ во интервју за Вашингтон пост вели дека Србија ги смета Европјаните и Русите за „вистински пријатели“.

Тој укажува дека Москва била на страната на Белград во Советот за безбедност на ОН кога другите не биле. Вучиќ вели дека приоритет е членство во Европската унија.

– Тоа е приоритет нешто од најголемо значење за нас. И сакаме да бидеме дел од ЕУ која е најголем блок на мирот и спокојот. Исто така би ни помогнало да задржиме стабилност и да продолжиме со реформи во разллични прашања вклучително борба против корупција и владеење на правото. Тоа е она што ни треба, нагласи Вучиќ.

Тој укажува дека Сбрија го има „прашањето за Косово“ кое според него, се толкува на различни начини, но Косово е присутно во сите преговарачки поглавја.

– Ние сме преплавени со прашањето за Косово. И ако анализирате анкети, во Србија. Ќе видите дека ако еден ден биде одржан референдум за европската иднина на Србија, патот кон ЕУ би победил, вели Вучиќ.

Но, како што истакнува, ако се работи за проценка на народот во врска со европската политика кон Србија, тоа е поинаква.

– Луѓето веднаш ја поврзуваат ЕУ со сите прашања со кои сме соочени за Косово и истото се однесува и на Американците. Тоа е нешто чудно, оценува српскиот претседател.

- Сепак, иамме рациоанлен пристап...и Европјаните и Русите ги сметаме за нашио вистински пријатели. Тоа е многу едноставно. Земате се што можете да го браните ставот на вашата држава и интересот на вашиот народ.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2018 10:52