Министрите за обрана на четири членки на НАТО - Хрватска, Бугарија, Словенија и Унгарија, денеска во Брисел потпишаа Меморандум за разбирање за вопоставување мултинационален центар во Задар за обука на хеликоптерски екипажи за извршување задачи на специјални воздушни сили.
- Со потпишувањето на Меморандумот за меѓународен центар кој ќе биде во прекрасниот хрватски град Задар, правиме важен чекор во развојот на заедничките обранбени способности на сојузниците, рече потпретседателот на хрватската Влада и министер за обрана Дамир Крстичевиќ, кој како претставник на земјата домаќин на центарот им се обрати на присутните на свеченото потпишување на Меморандумот.
Ова е прв меѓународен центар на НАТО во Хрватска.
Меморандумот е потпишан на маргините на состанокот на министрите за обрана на земјите членки, кој вчера и денеска се одржува во Брисел.