Европската Комисија предлага да се мобилизираат дополнителни 2,3 милиони евра за да им се помогне на 550 работници од издавачкиот сектор, од кои половина се новинари, откако тие останале без работа. Фондовите, кои доаѓаат од “Европскиот Фонд за прилагодување на глобализацијата“ имаат за цел да им помигнат на работниците да пронајдат нови работни места.
-Грција беше најпогодена од економската и финансиската криза која започна пред десет години и неодамна излезе од програмата за помош. Но, како што секогаш сме велеле: поддршката на ЕУ не престанува и мораме да ги искористиме сите алатки за да продолжиме да му помагаме на грчкиот народ, изјави Маријан Тејсен, еврокомесарката за социјални прашања.
Целта на овие мерки кофинансирани од Фондот за глобализација, велат од ЕК, е да им се овозможи на работниците од овој сектор да добијат обуки и посебни совети за тоа како да започнат сопствен бизнис или да добијат посебни фондови.
Вкупниот износ на оваа почош е 3,8 милиони евра од кои 2,3 ќе дојдат од Фондот.