Српската полиција уапси 36 луѓе од кои 12 остануваат во притвор заради соменвање дека учествувале во забранет реекспорт на земјоделски производи од Европската унија во Русија.

Во соопштение на Обвинителството се нагласува дека за тој случај се поднесени 80 кривични пријави.

„Поради тоа е покрената истрага против сите 80 луѓе осомничени за учествување во недозволен реекспорт на земјоделски производи како и за перење пари“.

Од 36 уапсени по сослушување предложен е притвор за 12 луѓе од кои седуммина се товарат за здружување заради тајно вршење кривични дела.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2018 13:47