Тренерот на Вардар, Роберто Парондо, очекува многу тежок натпревар со Рајн Некар Левен в сабота во Скопје во четвртата рунда од ракометната Лига на шампионите.
- Знаеме за каков тим станува збор. Играат одлично и шест на шест и седум на шест. Треба да подготвиме добра одбрана и да ја задржиме концентрација во текот на целиот натпревар, изјави Парондо.
Шпанскиот стручњак информира дека пивотот Мораеш и бекот Борозан се уште се неизвесни за овој меч но веројатноста да бидат во составот е голема, додека Стојанче Стоилов добро закрепнува од повредата, но нема да се брза со него, иако има голема желба да се врати на теренот.
Натпреварот Вардар – Рајн Некар се игра в сабота од 17:30 часот.