Луис Хамилтон изрази изненадување поради фактот што Ферари не користел тимски наредби во последната фаза од кампањата 2018 година. Неговиот говор дојде помалку од една недела по контроверзната одлука на шефот на Мерцедес, Тото Волф, да му нареди на Валтери Ботас да ја предаде својата прва позиција на Хамилтон. На тој начин тој му ја подари својата победа за ГП на Русија. - Во нашиот тим имаше тимска наредба само во една трка, но во сите други исто работиме како тим. Имало случаи во кои Валтери не бил во топ 5. Сме се натпреварувале со Ферари, јас против Ферари и во овој случај тие работат како еден. Во клучните, но важни моменти, како Италија, на пример, тоа не го направија, рече Хамилтон. Тој додаде дека не сака повеќе да мисли за она што се случило во Русија. - Го прифатив и продолжувам напред. Знам дека како тим сме многу обединети, додаде Луис. Запрашан што очекува од Ботас до крајот на сезоната, Британецот одговори: „Не доаѓам тука, мислејќи дека Валтери треба да работи за мене. Очекувам тој да ја заврши што е можно најдобрата работа за себе“.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2018 16:02