Пред еден век, носењето рачен часовник со свечено одело беше признак на невкус... Според тогашниот бонтон, една отмена личност мора да го посвети своето цело внимание на домаќините и на гостите на свеченоста, и да не остави впечаток дека постојано го следи времето.
По неколку децении, носењето тенки рачни и елегантни часовници стана прифатливо, а за тоа во 1962 година придонесе и новиот акциски херој - британскиот таен агент 007 - Џејмс Бонд.
Современото олицетворение на бесмртниот филмски лик, што е малку и поемотивен и поизразит, во првиот филм со Пирс Броснан од 1995 „Златно око“, му донесе светска слава на кварцниот „Омега СМ 300-М“, првпат произведен 1993 година.
Точно 25 години подоцна, на годинашниот Саем во Базел, е промовиран нов „Симастер Дивер 300-М“, во 14 модели, од кои шест се од не’рѓосувачки челик, а осум од мешавина од челик и злато. Новите модели имаат Хронометар калибар 8800 механизам со МЕТАС сертификат, пречник на куќиштето од 42 мм и нова керамичка основа, наместо алуминијумска, и е водоотпорен.