Компанија ЛГ го претстави својот нов паметен телефон В40 ТинКју, кој се карактеризира со голем дисплеј и пет камери.
Овој директен конкурент на Галакси Ноут 9 и Ајфон Икс-Ес Макс, има 6,4-инчен ОЛЕД дисплеј со „ноч“ отвор, процесор Куалком Снепдрагон 845 и 6 гигабајти РАМ.
Вградената меморија е 64 гигабајти, a може да се зголемува преку микроСД картички. Моделот има и 32-битен куад ДАЦ модул, бумбокс звучници, Кју-И стандард за безжично полнење и ќе користи Андроид Орео.
Најинтересен дел од спецификациите се петте камери. Две од нив се на предниот панел, при што едната е со стандарден објектив за 8 мегапиксели сензор и сензор со широкоаголен објектив од 5 мегапиксели.
На задната страна има три камери, кои се наредени хоризонтално. Првата е со стандарден објектив со 12 мегапиксели, а втората камера е со широкоаголен објектив од 16 мегапиксели, иста како во Г7. Третата камера е со 12 мегаппиксели со телефото објектив за двократен оптички зум.
Трите камери се управувани од подобрен софтвер кој овозможува фотографирање во исто време со сите три модули. Присутни се ТинКју ункциите од Г7 за автоматско подесување, препознавање објекти и препознавање на сцени и многу повеќе.
Телото на В40 ТинКју е оценето со ИП68 за отпорност на вода и прашина. Батеријата има капацитет од 3.300 милампер часови, а цената почнува од 900 долари, зависно од карактеристиките.