Јапонската технолошка компанија Нинтендо следната година планира да лансира нова верзија на својата конзола Свич, за да се задржи моментумот, кој го обзбеди со продажбата на уредот, објави „Волстрит џурнал“.

Продажбата на Свич, која беше претставена во март 2017 година, се уште е голема, но веќе не носи големи профити како во првата година од промоцијата на уредот на пазарот.

Ажурирање на Свуч сугерира дека компанијата дејствува брзо за да осигури дека нејзиниот уред нема да ја изгуби својата конкурентност.

Нинтендо се уште дебатира за тоа што ќе вклучуваат новите хардверски и софтверски функции и како тоа ќе влијае на цената.

Една од опциите е да се подобри екранот. Тековниот Свич користи ЛЦД екран од ниска класа, без одредени технологии, кои се стандардни за последните ЛЦД дисплеи на паметни телефони.

Подобрувањето на дисплејот со овие технологии ќе го направи полесен, потенок и енергетски поефикасен. Сепак, уредот не се очекува да пристигне со ОЛЕД панел, кој се користи во серијата на Епл Ајфон Икс.

Нинтендо планира да ја пушти новата конзола во продажба во втората половина од 2019 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2018 19:42