Луис Хамилтон со Мерцедес заврши на чело на првиот слободен тренинг пред Големата награда на Јапонија, откако беше побрз за речиси половина секунда од својот колега Валтери Ботас, кој остана втор.
Британецот го започнува викендот со 50 поени пред Себастијан Фетел, кој нема победа во Ф1 од трката во Белгија.
Хамилтон постави време од 1:28.691 со меки гуми, кои се со средна цврстина од избраните од Пирели за оваа трка.
Трет по дуото на Мерцедес заврши Даниел Рикардо со Ред Бул. Ферари останаа четврти и петти, откако Кими Раиконен беше побрз од Фетел. Пилотите на „Скудерија“ го забележаа најбрзиот круг со супер меки гуми, но и покрај тоа, тие беа за секунда побавни од Британецот.
Шестти останаа вториот пилот на „биковите“, Макс Верстапен.