Првиот потпретседател на српската Влада и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ синоќа изјави дека стратешка определба на Србија е членство во ЕУ за што се доказ обемните реформи кои земјата ги спроведува, усогласувањето со европските стандарди, изразената силна политичка волја за постигнување одржлив компромис со Приштина и регионалната соработка.

Тој истакна дека сепак актуелниот момент е карактеризиран и со предизвиците во самата Европска унија, што може да влијае на процесот на европски интеграции на земјите во регионот, како што се мигрантската криза, претстојните избори за Европскиот Парламент, реконпозиции во институциите на Унијата, Брегзит...

- Остварениот напредок на земјите во регионот претставуваат значаен резултат и не смее да се дозволи тој да биде загрозен од можните непредвидливи движења во ЕУ и нејзиниото опкружување, изјави Дачиќ на Седмиот „Самит ЕУ-Југоисточна Европа, за одржлив развој за Балканот - Србија во водечката улога“, во организација на лондонски „Економист“.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2018 10:17