Европскиот Парламент смета дека каков било договор меѓу Белград и Притшина може да биде прифатен само ако се договорат обете страни и ако се земе предвид стабилноста во регионот и меѓународното право, изјави синоќа известителот за Србија во ЕП Дејвид Мекалистер, истакнувајќи дека ЕП не е склон кон создавање етнички хомогени држави.

- Европскиот Парламент е запознат со дебатата која се однесува на можна корекција на границите меѓу Србија и Косово, вклучувајќи размена на територии, изјави Мекалистер, но укажа дека европарламентарците се залагаат за „мултиетничка природа на Косово и Србија“.

Тој истакна дека во овој момент не е можно да се предвиди ниту содржината ниту датумот на можниот договор, пренесува Танјуг.

- За темите кои се на распоред во преговорите одлучуваат двете страни заеднички, а ЕУ дејствува како посредник. Можам само да ги охрабрам двете страни да продолжат на овој пат со предизвици, наведе Мекалистер.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2018 10:18